Паул Брајтнер Директорот на Баерн, јавно потврди дека германскиот гигнат сака да го ангажира македонскиот репрезентативец Горан Пандев.
“Сакаме Пандев да дојде во Баерн. Досега три пати бевме да ги гледаме неговите настапи и повторно ќе го следиме на 31 октомври”, изјави Брајтнер за германските медиуми .
Брајтнер беше на трибините на “Олимпико“ во Рим и го следел настапот на нашиот репрезентативец на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Лацио и Реал,кога Пандев го одигра најдобриот натпревар со небесно-синиот дрес постигнуавјки два погодока.
Пандев во Баерн за 30 милиони евра !?
Според најавите повеќекратниот германски и европски шампион подготвен е да плати максимум 30 милиони евра за македонскиот фудбалер. Пандев со Лацио има договор до 2010 година и досега неколку пати изјавуваше дека нема намера да го напушти римскиот клуб.
Поделени се коментарите дали Пандев би “фатил“ место во првите 11 во тимот на Отмар Хицфилд , но едно е сигурно не се добива секој ден понуда од гигант како што е Барен Минхен . . .