Горан Пандев утре со настапот на пријателскиот натпревар против Катар ќе влезе во т.н. „Клуб 50“, бидејќи 50. пат ќе го облече дресот на фудбалската репрезентација на Македонија. Напаѓачот за „црвено-жолтите“ дебитираше на 6 јуни 2001 година во Бурса, на средбата Турција – Македонија (3-3), кога во 66. минута во игра влезе на местото на Арџент Беќири.
Првиот гол го постигна на вториот меч во пријателската со Малта (5-0), на 21 август 2002 година, во Скопје, во 89. минута. „Златен јубилеј“ со барем 50 натпревари досега прославија Седлоски (95 меча), Шаќири (72), Шумуликоски (60), Милошевски (59) и Митрески (57) .
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com