– Немам потпишано никаков договор со Вест хем. Тоа е само уште една шпекулација. Јас сум во Рим и тренирам со екипата на Лацио. Немало никакви контакти за заминување во тимот на Вест хем – вака Пандев ги демантираше шпекулации на италијанските медиуми околу неговиот премин во Лондон. Овие информации биле само шпекулација. Пандев вели дека за него не е прифатливо да замине во екипа од калибарот на Вест хем и дека доколку замине од Лацио тоа ќе биде во некој поголем клуб. Преодниот рок во Европа завршува на полноќ на 31 август.
– Има уште неколку дена до крајот на преодниот рок, па ќе видиме што ќе се случи. Вест хем не е клуб за мене – вели Пандев, кој додаде дека не мисли да си замине летово од Лацио по секоја цена. Откако одби да го продолжи договор, кој му истекува на крајот од оваа сезона, како под казна е изоставен од првиот тим. Пандев вели дека не планира да замине во помал клуб од Лацио, па макар и цела сезона не заиграл за тимот од „Олимпико“.
– Не планирам по секоја цена да си заминам од Лацио. Од клубот може да си отидам само доколку ме побара некој поголем клуб. Ако не се случи тоа до крајот на овој преоден рок, јас сум подготвен и цела сезона да не играм, само да ми истече договорот. Доколку сега не направам трансфер, следната сезона ќе бидам слободен играч и ќе можам да си заминам од Лацио без никаква отштета. Вест хем не е екипа во која би сакал да играм – категоричен е Пандев.
Денес се одигра третото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати: Моментална табела после трето...
Голема битка се водеше во реванш натпреварите од осминафиналето на Лига Европа Неизвесно беше на сите терени освен во Лион, кој оствари убедлив триумф над ФЦСБ со резултат 3:0 Највозбудливо беше во...
Бојан Затуроски доби повик за репрезентацијата на Македонија до 19 години, информираат од ГФК Охрид Лихнидос После одличните настапи во пролетниот дел од сезоната Бојан Затуроски заслужено доби пов...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.