Поразот од Холандија не спушти на земја и не врати во нашата фудбалска реалност. Македонските репрезентативци одиграа бледо, анемимчно и високиот пораз беше неизбежен.


Знаевме дека не очекува тешка средба. Во првото полувреме не ги исполнивме задачите селекторот и дојде високиот пораз. Ова е нашата реалност. Тие се врвни светски фудбалери, ни создадоа многу прилики, но нашите шанси треба да ги бараме против останатите селекции. Физичките подготовки кај противникот беше на високо ниво, ги искористија лесно нашите грешки и заслужено победија -изјави Горан пандев .