– На гостувањето кај Пескара остваривме значаен триумф. Натпреварот не беше лесно како што наликуваше бидејќи домаќинот пред да постигнеме погодок се закани неколку пати. Одигравме одлично во нападот без најдобриот стрелец Кавани и покажавме дека не зависиме од еден фудбалер. На следниот натпревар го очекуваме неговото враќање во составот – рече Пандев.
Со погодокот против Пескара македонскиот интернационалец стигна до петтиот сезонава.