Горан Пандев го постигна четвртиот гол за Лацио на гостувањето кај Каљари. Римјаните славеa со 4:1 и ја забележаа најубедливата победа на стартот од новото првенство кое беше кобно за големите фаворити. Милан и покрај маестралната партија на Роналдињо загуби дома од повратникот во Серија А, Болоња, а Рома одигра нерешено со Наполи исто така дома 1:1. Нерешено синоќа одигра и актуелниот шампион Интер, 1:1 против Сампдорија во Џенова.

Италија 1 коло:

Милан – Болоња 1:2
Рома – Наполи 1:1
Аталанта – Сиена 1:0
Торино – Лече 3:0
Катанија – Џенова 1:0
Киево – Реџина 2:1

сабота:
Удинезе – Палермо 3:1
Сампдорија – Интер 1:1