Горан Пандев потврди дека кризата во Лацио не оставила трага во неговата игра. Пандев беше еден од најзабележителните играчи во македонскиот табор, го имаше насекаде на теренот, а својата класа ја потврди со двата гола од пенал.


Пандев го одигра 51 натпревар за националната селекција во својата кариера, а со двата гола против Канада стигна до бројката 21.


За Горан ова е трет натпревар во серија како се запишува по два пати во листата на стрелци. Два пати погоди против Шпанија, два пати против Катар и денес против Канада.

М.П.