Интер претрпе пораз од 3-2 од Панатинаикос на вториот тест натпревар на турнејата во САД.  Горан Пандев и на вториот меч под водство на новиот тренер Рафаел Бенитез го задржа местото во стартниот тим на „нероаѕурите“.


Македонскиот репрезентативец се најде во навалната линија заедно со Ето и со Обина, и одигра солидни 45 минути пред да биде заменет со Бразилецот Мансини.

Стрелци на головите за Интер беа Ето и младиот Бразилец Кутињо, додека погодоците за Панатинаикос беа дело на Сисе (два) и на Лето.