Горан Пандев денеска го одигра својот прв натпревар за италијанскиот шампион, Интер, македонскиот репрезентативец е презадоволен од своето деби.


– Среќен сум што се вратив на теренот по повеќе од пет месеци пауза. Одигравме добро и победивме на тежок терен. Сакам да им се заблагодарам на сите, од тренерот до соиграчите. Моите нови соиграчи се вистински шампиони. Тие ми помогнаа многу. Интер е најсилниот тим во Италија. Лесно е да се игра за ваков тим” – рече Пандев.