По кошмарните шест месеци поминати во римски Лацио, Горан Пандев доживеа вистинска ренесанса во вториот дел од сезоната триумфирајќи во купот на Италија, Серија А и во Лигата на Шампиони. Пандев ќе влезе во историјата на Интер како дел од тимот кој по цели 45 години го освои популарно наречениот трофеј “големите уши“.
–
Сонот стана јаве. Морам да им се заблагодарам на сите кои навистина многу ми помогнаа откако станав член на Интер, прекрасно е што Интер конечно стана шампион на Европа, после 45 години. Немаше да верувам дека ќе ми се случи ова доколку некој ми кажеше, тешко ги поминав првите шес месеци во Лацио, но знаев дека доаѓам во победнички тим, тим кој беше подготвен да победи и освои се. Не очекував, искрено не очекував да се случи ова во првата сезона – изјави Пандев
Пандев кој за својот успех им се заблагодари на својата сопруга и неговото дете, посака протугалецот кој беше главниот виновник за подемот во неговата кариера да остане во Интер.
–
Се надевам дека Жозе Мурињо нема да замине, тимот е премногу силен и ние мораме да продолжиме по нашиот пат – потенцираше третиот македонец кој го подигнал трофејот во ЛШ.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com