Македонскиот репрезентативец Горан Пандев одигра одличен натпревар за Наполи во финалето од “Копа Италија“. “Азурите“ со победата од 2-0 над “старата дама“, стигнаа до четвртата титула во историјата.


Реномираниот фудбалски сајт “Goal.com”, играта на македонскиот репрезентативец ја оцени со седмица. Најдобар фудбалер во победничката екипа е Инлер со седмица додека “флоп“ на мечот е напаѓачот од Јувентус, Марко Бориело.

Мх.П.