Капитенот на репрезентацијата, Горан Пандев, смета дека Хрватска ќе биде таа која ќе нападне.

„Очекувам тие да нападнат, но ќе влезат со поголема концентрација, бидејќи на првиот меч им покажавме дека можеме да се носиме со нив. Не треба да не понесе публиката и да тргнеме напред по секоја цена да постигнеме гол. Доколку одиграме како што игравме во Загреб можеме да ги изненадиме. Хрватска е фаворит не само против нас туку и во групата, несреќно загубивме на првиот меч во Загреб, но сега се надевам дека среќата ќе не послужи и дека ќе можеме да извлечеме поволен резултат“ рече Пандев.

ohridnews