Македонскиот интернационалец во редовите на Наполи, Горан Пандев со погодок, асистенција и победа (4-2) против својот екс клуб Лацио го прослави 300-от настап во Калчо лигата.

Пандев, кој мечот го започна од првата минута брилираше на теренот до 74-та кога беше заменат со Блерим Џемаили, и се се вртеше околу него.

Секогаш беше на право место во право време, погоди за водство од 2-1, а маестрално го проигра Игуаин за третиот погодок Наполи втор за него.

Со триумфот против Лацио на „Олимпико“ избраниците на шпанскиот стратег Рафа Бенитез се зацврстија на третата позиција од табелата.

Мх.П.