Таков документ се појави во јавноста, а Фудбалската федерација на Македонија му се извини на Пандев за ненамерната грешка, која ја направила при пуштање на документот.
– Големи проблеми ми направија од ФФМ. Многу тензии и нервози. Бев на удар од сите светски медиуми дека сум лажго, дека измислувам. Не знам што е работава, но секогаш само проблеми и проблеми. Но нека им служи на честа. Се извинија, но не заслужив некој да ми го фалсификува потписот. Знам дека тоа е тежок случај, но останувам тука. Иако адвокатите и менаџерите ми препорачаа судски процес, јас нема да одам понатаму. Гласав за Мурињо, а не за дел Боске. Тој лист кој е пратен во ФИФА не со моите гласови и со мојот потпис – истакна Пандев за „Македонски спорт“.
Капитенот на “црвено жолтите“ беше на удар од сите светски медиуми, за превидот кој го направи Фудбалската федерација на Македонија.