Горан Пандев со 15 голови е трет на вечната листа на стрелци во националниот дрес. Во овој циклус еднаш ја погоди мрежата на противниците и тоа на мечот во Скопје, против Холандија од пенал.

Не очекуваат два тешки дуели прво в сабота против Норвешка, а четири дена подоцна против Исланд

– Добро се подготвуваме и со нетрпение го очекувам мечот в сабота. Очекувам подршка од трибините и победа против Норвешка, три бода кои не оставаат во игра за 2 место во групата.

Промената на формацијата од 3-5-2, во 4-3-3 треба да му ја олесни работата на Пандев. Ваквата промена очекува да придонесе за офанзивен фудбал и повеќе голови во норвешката мрежа.

 

Секој селектор има своја визија за работа и своја тактика, а селекторот напомена дека ќе играме 4-3-3. На мене останува да одиграм најдборо што умеам, за мене не е проблем местото во тимот, важно е да сум добро подготвен и да немам физички проблеми.– завршува Пандев.

Натпреварот Македонија – Норвешка започнува во 17.45 минути.

М.П.