– Со нетрпение чекав да се вратам во селекцијата каде атмосферата е прекрасна. Данска е сериозен тест за сите нас, треба да пристапиме максимално за да ги подобриме сите недостатоци во играта – рече Пандев.
Дуелот со поранешниот Европски првак, Данска ќе се одигра на “Филип Втори“ в среда со почеток до 19:30 часот, а ќе биде последна контрола пред квалификациските натпревари со Белгија.
– Посакуваме позитивен резултат за дополнителен штимунг на фудбалерите и навивачите. Неколку натпревари наназад покажавме дека со помош од навивачите можеме да се носиме со далеку поквалитетни селекции – потенцираше Пандев.