Екипата на Џенова имаше успешен старт на новата сезона во Серија А, откако на домашен терен со 4-1 го совлада составот на Кротоне. Високиот триумф на Џенова со мајсторски погодок го зачини Горан Пандев. Македонскиот интернационалец во 10-та минута погоди со „лоб удар“ и го матираше гостинскиот голман.

Со победа во „калчо“ лигата стартуваше и Елиф Елмас. Неговиот Наполи со 2-0 ја совлада Парма. Елмас настапи во последните 10-тина минути.

OhridNews