Македонскиот интернационалец Горан Пандев со погодок против Порто ги продолжи одличните игри во подготвителниот период. 


Наполи претрпе пораз од Порто на „Емирати купот“ 3-1, но, Пандев беше главна фигура откако успеа да постигне погодок во трите меча кои ги одиграа „азурите“.


Со игрите кои ги прикажа Пандев сериозно се наметнува кај Рафа Бенитез иако Наполи осетно се засили во нападот.

Мх.П.