Еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата, Горан Пандев со допис до Фудбалската федерација на Македонија ја потврди одлуката за повлекување од селекцијата.
Пандев, повлекувањето го најави по завршување на најслабиот квалификациски циклус на македонската фудбалска репрезентација.
„Црвено жолтите“ завршија на последното место во групата, со што направија неколку чекори назад и ја потполно ја загубија довербата од публиката.
Од ФФМ се надеваат дека со назначување на нов селектор, кој ќе смета на услугите од Пандев, тој ќе ја промени одлуката и повторно ќе ја предводи репрезентацијата.
Мх.П.