Македонскиот интернационалец Горан Пандев го доби спорот со римски Лацио. Судот во Милано го раскина договорот на Пандев со Лацио, по што напаѓачот е слободен играч.


– Му пратив СМС – порака на Пандев. Сега е слободен и ќе може да се релаксира, а потоа ќе може да си побара нова екипа- рече по добиената пресуда адвокатот на Горан , Матео Грасани.

М.П.