Македонскиот репрезентативен напаѓач , Горан Пандев, во изјава за интернет порталот „Тоталспорт“, потвдри дека  Фиорентина и Баерн Минхен, се интересираат за него но порача дека сака да остане во Лацио, каде би се закитил со скудетото.

Вистина е дека имаше интерес за мене од Фиорентина и Баерн Минхен. Се јавуваа нивни луѓе меѓутоа јас сакам да останам во Лацио и да го освојам скудетото. Откако ќе се случи тоа може и да се пензионирам, изјавил Пандев за „Тоталспорт“.

Пандев вели дека во моментот се водат преговори за евентуалното продолжување на неговиот договор со лацијалите.

Не знам дали ќе успееме да се договориме. Ако не ги усогласиме желбите тогаш по завршувањето на актуелниот договор со Лацио ќе го напуштам клубот и Серија А. По времето минато во Рим сакам да заминам некаде подалеку, да речеме во Реал Мадрид“, заврши Пандев.

оhridnews