Горан Пандев и Клаудио Лотито се најдоа во “расчекор“ околу примањата на македонскиот репрезентативец.

Пандев проблемот го лоцира во својот претседател велејќи :“ Лотито сака да го продолжам договорот , но не сака да ги задоволи моите барања“

По ваквите изјави доста веројтано е Лацијалите да го загубат најдобриот играч од минатата сезона. Пандев кој бара милион евра по сезона плус бонус има договор со римскиот клуб и во наредните две години, но интерес за него пројавија повеќе големи клубови.

Она што е сигурно дека ако не ова лето, тогаш следното, Пандев ќе го напушти „Олимпико“.

М.П.