Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев сегашниот селектор на А репрезентацијата, Игор Ангеловски го посочи како главен виновник за враќањето во националната селекција. Капитенот кој паузираше две години откри дека селекторот после серија разговори и презентација на идеите и плановите го убедли да се врати назад.

  • Се повлеков и со тоа сакав да покажам дека некои работи не ми се допаѓаа во селекцијата. Не бевме доволно ценети, трениравме на ливади и одлучив да не играм се` со цел да се сменат работите. Најзаслужен за моето враќање во селекцијата е селекторот Ангеловски. Имавме неколку разговори, тој ми ги кажа идеите и плановите, мене ми се допаднаа и одлучив да се вратам и да помогнам колку што можам. Да не дојдеше тој и да разговара со мене, незнам дали ќе се вратев назад.  Но, сега сум тука. Последниве две години имаме добри резултати, добра атмосфера и така треба да продолжиме. – изјави Пандев околу неговата пауза во репрезентацијата.

На утрешниот меч со Литванија на стартот од квалификациите за ЕП 2020 година, Пандев по јубилеен 100-ти пат ќе го облече дресот на Македонија. Тој посакува победа, а си посака и настап на некој голем собир со А репрезентацијата кој му недостасува во богатата кариера.

  • Среќен сум за јубилејот. Ќе бидам максимални мотивиран за 100-от натпревар кој за мене ист како првиот и или било кој од тие 99 до сега. Сакам да победиме и да почниме со триумф. Ист така сакам да играм со Македонија на едно големо натпреварување. Тоа ми е единствена неостварена желба. Се надевам дека сега ќе успееме и ќе дојдиме до таа цел. Шанси постојат и ќе направиме се` што е во наша моќ да ги искористиме. – додаде Пандев.

Македонија дуелот со Литванија го игра четврток (утре) со почеток во 20 часот и 45 минути.

OhridNews