– Секое лето медиумите ме селат од едно на друго место. Ќе си одам ако така се договорам со клубот и со тренерот. Следната недела почнуваме со тренинзи со новиот тренер Рафа Бенитез, а понуди има и секогаш ќе има за мене – рече Пандев за „Македонски Спорт“.
Капитенот на „рисовите“ во тимот на Наполи пристигна од редовите на Интер во 2011 година, а од тогаш има настапено на повеќе од 100 натпревари за „азурите“ од Неапол.