Македонскиот интернационалец Горан Пандев ги започна подготовките со италијанскиот калчолигаш Џенова. По авантурата во Турција со тимот на Галатасарај каде Пандев имаше епизодна улога, Македонецот се враќа во Италија каде ја доживеа својата најголема фудбалска афирмација.
Џенова е петти тим во Серија А за Горан Пандев. Претходно тој играше за Анкона, Лацио, Интер и Наполи.
ohridnews