Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев е пред враќање во Серија А пренесуваат турските медиуми.
Тој во зимскиот преоден рок ќе го напушти Галатасарај и ќе го засили тимот на Торино.
Пандев беше најавуван како големо засилување за турскиот гигант, но не ги оправда очекувањата и разделбата е по извесна.
Во калчо лигата Пандев настапуваше за Лацио, Интер и Наполи, а Торино би му бил четврти клуб на апенините.
Мх.П.