Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев би можел да се соочи со суспензија во траење до два месеца, јавија италијанските медиуми. Италијанската фудбалска федерација отвори истрага по барањето на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, според кој трансферот на Пандев во Интер бил незаконски.
Лотито посочува дека Пандев уште во септември преговарал и се согласил да премине во Интер, а според италијанските правила, клубовите може да преговараат со играчи само за време на трансфер периодот.
Доколку надлежната комисија ја усвои жалбата на Лацио, Пандев може да добие двомесечна забрана за настап, а Интер би бил казнет со 50.000 евра.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com