Римскиот “Il Messaggero“ му даде шанса на Горан Пандев можност да ги поздрави и да им се заблагодари на навивачите на Лацио и пријателите од Рим.


– Наредната 2010 година ќе бидам противник и ќе се радувам со соиграчите од друга екипа кои нема да го носат небесно – синиот дрес. Посакувам да бидам среќен таму како овде во првите четири години од мојот престој. Секогаш сум давал се` од себе за победа на Лацио, и ги слушав желбите на преседателот и тренерот, како и советите на моите соиграчи. Победата во купот на Италија беше неопислива бидејќи го чувстував Лацио како мој дом. Жалам што заминувам на овај начин. Мојот стил не е таков, јас повеќе сакам да ги добивам битките на терен, а не на зелената маса – се вели во обраќањето на Пандев во римскиот весник.

Пандев според италијанските медиуми деновиве ќе го засили италијанскиот шампион Интер и покрај тоа што во последен момент одбил далеку поповолна понуда од англискиот Ливерпул.

М.П.