На последниот ден од летниот преоден рок македонскиот интернационалец Горан Пандев заедно со Блерим Џемаили се преселија во турскиот гигант Галатасарај.
По доаѓањето Пандев се препороди откако во Наполи последната сезона имаше епизодна улога. Тој на првиот тренинг каде одиграа контролен натпревар постигна четири погодоци, а веќе на вториот неколку пати асистираше до своите соиграчи.
Пандев пред преселбата во „вечната земја“ на Апенините го носеше дресот на Анкона, Лацио и Интер.
Видеото од асистенциите на македонскиот интернационалец Пандев можете да ги погледнете тука.
Мх.П.