Горан Пандев бара од Лацио два милиона евра по сезона за да остане во римскиот клуб и да го продолжи договорот на дополнителни три години, пишува денешен „Дневник“.
– Клубот само што ми понуди нов договор, но останува да се договориме за моите примања. Имам многу побогати понуди од други клубови, но Лацио за мене е во преден план и мислам дека ќе се договориме за сума помеѓу еден и пол и два милиона евра. Се навикнав на животот во Рим и го совладав италијанскиот јазик, па засега мојот актуелен клуб има предност – вели Пандев во изјава за „Дневник“.
Во моментов најдобриот македонски фудбалер е еден од најслабоплатените играчи од негов калибар во Серија А, со годишна заработка од нешто повеќе од 350.000 евра. Оваа сезона приходите на Пандев дополнително ги зголеми премијата од 100.000 евра, од спонзорот „Пума“, која ги доделува овие пари за 10 постигнати погодоци во калчото.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com