Фудбалскиот гигант од Торини, Јувентус е сериозно заинтересиран да го доведе во своите редови најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, јавуваат италијанските медиуми.

Според истите извори, македонскиот репрезентативец во Јувентус треба да биде замена за Французинот Давид Трезеге, ко најверојатно ќе замине во Олимпик Марсеј.

Претседателот на Лацио Клаудио Лотито ќе го понуди Пандев на трансфер листата ова лето, а со парите римскиот клуб ќе го откупи договорот за напаѓачот Мауро Зарате, наведуваат италијанските медиуми.

ohridnews