Актуелниот европски првак Интер претпре тежок пораз од Шалке со 5-2 на домашен терен во првиот натпревар од 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.


Натпреварот започна одлично за “нероаѕурите“ кои со голот на Станковиќ во првата минута дојдоа во предност од 1-0. Но дека нема да биде тоа вечер на европскиот првак наговести Матип. По кам-бекот на зелениот терен Милито ја затресе мрежата на Нојер за нова предност, која траеше кратко само шест минути откако Еду изедначи за 2-2, резултат со кој се замина на одмор.

Распад систем на тимот и концепцијата Леонардо во вториот дел, Раул зголеми на 3-2, Ранокија ја затресе сопствената мрежа, а магичната ноќ за германците ја заокружи Еду со вториот гол на мечот

.


Македонскиот интернационалец Горан Пандев кој беше човек на одлука во мечот со Баерн, остана закован на клупата.

М.П.