Горан Пандев и Интер продолжија онаму каде застанаа минатата сезона и со победата над Рома од 3-1 во италијанскиот суперкуп се закитија со четвртата титула во низа.
Горан Пандев, кој беше стрелец на првиот погодок за Интер, вели дека фудбалерите на Рома не можат да се контролираат кога губат и често таа нервоза ја покажуваат удирајќи ги противниците.- Можеби тие се премногу тензични, бидејќи кога губат, стануваат насилни и ве „тепаат.“ – вели Пандев кој редовно ја тресеше мрежата на Рома во “небесносиниот“ дресот на Лацио.
Напаѓачот кој по трансферот од Лацио, доби нова улога во Интер , под водство на португалскиот стратег Мурињо, очекува да продолжат во исти ритам.- Жозе Мурињо направи свој избор и замина, но ние останавме, и како што можевте да видите продолживме да победуваме – заврши 27 – ката на Интер.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com