Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев попладнево повторно се запиша во листата на стрелци. Сета работа на мечот на Олимико беше завршена до 25 минута кога еднаш Роки, а потоа Пандев ја затресоа мрежата на репрезентативецот на Италија, Марко Амелија. За Пандев, кој ја игра петтата сзона во небесно синиот дрес, ова беше десеттиот погодок во за него најуспешната сезона. По победата над Ливорно, Лацио со 33  се искачи на 11 место


“не ве слушам“ – Горан Пандев

Резултати 27-мо коло, Сериjа А:
Торино – Аталанта 1:0, Катанија – Каљари 2:1, Сиена – Фиорентина 1:0 , Емполи – Милан 1:3
Наполи – Рома 0:2 ,Парма – Сампдорија 1:2,Интер – Реџина 2:0 , Палермо – Удинезе 1:1.