По 13 години минати во Италија македонскиот интернационалец Горан Пандев е пред заминување од „Калчо лигата“.
Договорот на Пандев со Наполи истекува следната година 2015 година, но тој сака да го напушти клубот по завршување на сезоната.
Напаѓачот е во немилост на новиот тренер Рафа Бенитез, кој има чудна ротација на играчите, а во неа ретко се наоѓа Македонецот.
Мали се шансите Пандев да остане во Италија, а ако се случи тоа тимот сигурно ќе биде Фиорентина. За неговиот потпис загреани се францускиот Монако и англискиот премиерлигаш Тотенхем.
Мх.П.