Македонскиот интернационалец Горан Пандев во зимскиот преоден рок ќе замини од Галатасарај и ќе го засили тимот на Сампдорија пренесува „Македонски спорт“.


Иако беше најавуван како големо засилување за турскиот преставник во Лигата на Шампиони сепак Пандев не ги исполни очекувањата и го навлече гневот на навивачите.

Интерес за враќање на Пандев во „калчо лигата“ пројавил тренерот на Сампдорија, Синиша Михајловиќ, кој добро ги познава квалитетите на Македонецот.

Пандев во Серија А настапуваше за Лацио, Интер и Наполи и ќе нема никаков проблем со адаптацијата во екипата.

Мх.П.