Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Пандев сеуште има договор со Наполи, но, по доаѓањето на Рафаел Бенитез на клупата Македонец според италијанските медиуми нема да биде прв избор во нападот.
Трансферот на струмичанецот може да се реализира бидејќи напаѓачот на „милионерите“ Роберт Левандовски е мета на повеќе европски гиганти во фудбалот и се поизвесно е дека ќе го напушти клубот, а тренерот Јирген Клоп го гледа Пандев како идеална негова замена.
За премин на „Сигма Идуна Парк“, Борусија Дортмунд на Наполи ќе му искешира од седум до девет милиони евра.