Македонскиот репрезентативец Горан Пандев очекува да добие раскин на договорот со Лацио откако започна сослушување во просториите на Калчо-лигата за барањето за раскин на договорот.
На состанокот во Милано беше присутен и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, при што и двете страни ги дадоа своите верзии за случувањата во последните шест месеци. Пандев бара раскин на договорот со „лацијалите“ поради мобинг и нееднаков третман од страна на управата на клубот во однос на неговите соиграчи.
Во исчекување на исходот од процесот , првите клубови кои пројавија интерес за напаѓачот се англискиот Тотенхем и рускиот Зенит, на чија клупа неодамна седна Лучано Спалети кој добро ги познава квалитетите на струмичанецот.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com