Федералните служби во Италија, водат истрага околу слободниот трансфер на репрезентативецот на Македонија, Горан Пандев, во редовите на Интер.
Италијанските медиуми откриваат дека обвинителите во случајот речиси ја завршиле својата работа, која започна во ноември, по изјавите на селекторот на македонската репрезентација Мирсад Јонуз кој рекол дека Горан имa преддоговор со Интер и поради тоа тој не го продолжувал договорот со Лацио.
Обвинителството, откако ги доби потребните докази, ќе треба да донесе одлука која може да ја поништи одлуката на арбитражата која на Пандев му даде престанок на договорот со Лацио и го прогласи за слободен играч.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com