Македонскиот интернационалец Горан Пандев не е во комбинација за утршениот натпревар на Интер на Џузепе Меаца против нископласираната Аталанта. Пандев не е во листата на повикани играчи, а  воведниот натпревар од 35 коло ќе го прескокне поради повреда.


Повредата според информациите не е сериозна и Пандев најверојатно ќе биде во комбинација за реванш средбата во ЛШ  во среда против Барселона. Последниот тренинг на Интер во пресрет на средбата со Аталанта утре од 18:00 часот го следеле 2000  фанови на тимот.

Ohridnews