Најдобриот македонски напаѓач Горан Пандев се повреди на тренингот и најверојатно ќе го пропушти финалето во Копа Италија. Пандев го истегнал мускулот на десната нога, по што го напуштил тренингот,а денешните испитувања ќе потврдат колку напаѓачот ќе биде надвор од терените.


„Орлите“ на 13 мај на Олимпико ќе се сретнат со тимот на Сампдорија. Во секој случај Пандев не е во комбинација за  викнед дуелот со Удинезе во најсилното првенство во Италија.

М.П.