Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев мечот во Русија го завршил со црвен картон кој го добил по завршувањето на средбата.
Пандев поради приговор на турскиот судија Булент Јилдирим , за недосудениот пенал по стартот врз него во 40 минута доби жолт картон. Протестите нашиот капитен ги продолжил и по завршувањето на мечот по што судијата му покажал црвен картон.
Во текот на мечот “пожолте“ дефанзивецот Николче Новески и играчот за врска Мухамед Демири, кои поради парни картони, ќе мора да го пропуштат нашиот следен натпревар на 6 септември против Андора во Скопје.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com