На македонската фудбалска репрезентација и се потребни трите бодови од утрешната средба со Словенија на Националната арена „Тодор Проевски“. Словенците се наш директен ривал затоа „црвено жолтите“ најавуваат добра игра и победа која ќе значи продолжување на битката за првата или втората позиција на табелата во групата.

  • Расположението и атмосферата кај нас е на највисоко ниво. Со нетрпение го очекуваме овој натпревар и знаеме што носи победа на овој меч. Мора да одиграме на ниво. Ако Словенија се надева дека може да биде втора, можеме и ние. Не гледам каде Словенија е подобра од нас на теренот. Знаеме со каков квалитет располагаме, иако ни фалат двајца играчи. Ветувам дека ќе изгинеме на терен. Очекувам голема поддршка, се надевам дека ќе дојдат луѓето што не сакаат. Не бараме којзнае колаква бројка, само да добиеме вистинска поддршка од луѓе што ја сакаат репрезентацијата на Македонија. – изјави капитенот Горан Пандев.

Поради повреди од комбинација за настап отпаднаа Енис Барди и Дарко Велковски, додека Егзон Бејтулаи ќе паузира поради жолти картони. Селекторот Игор Ангеловски како замени ги повика Марио Младеновски од Вардар и Ѓорги Стоилов од Академија Пандев.

Македонија со осум бодови е четвртопласирана на табелата, додека Словенија со три бодови повеќе се наоѓа на втората позиција во групата.

OhridNews