Македонскиот интернационалец Горан Пандев ставил потпис на договорот со Интер, пишува денешен Дневник. Пандев ќе дебитира во дуелот против Киево, во 18. коло на италијанската Серија А. Напаѓачот во Интер ќе го носи дресот со бројот 16 на „нераѕурите“.
Пандев ќе биде третиот Македонец што ќе заигра за Интер, по Дарко Панчев и Горан Славковски. Според најавите, најдобриот стрелец во македонската репрезентација ќе има годишна плата од три милиони евра, плус бонусите и премиите. Според тоа, Пандев станува најскапоплатениот спортист во историјата на македонскиот спорт.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com