Македонија ќе биде значително ослабена во мечот против Србија во вторник, поради суспензија на капитенот Горан Пандев.


Пандев апсолутно непотребно заработи жолт картон во финишот на мечот во судиското надополнување, и тоа за приговор кон данскиот арбитар.

За Пандев ова е втор жолт картон, што значи автоматска суспензија.