Најдобриот фудбалер во македонската историја Горан Пандев воден од желбата да игра на големо натпреварување со националната селекција го одложи повлекувањето од фудбалот и го одби Интер. Капитенот на „црвено црните“ ќе игра уште една сезона и ќе ја помине во Џенова.
Мојот сон е да играм со Македонија на Еворпско првенство затоа официјално ја одложувам пензијата и ќе играм уште една година. – изјави Пандев за италијанскиот „Скај спорт“.
Македонската фудбалска репрезентација е дел од полуфиналниот бараж за пласман на ЕП. Ривал на Македонија е репрезентацијата на Косово. На Македонија за пласман на ЕП и остварување на сонот на Пандев и требаат победи во полуфиналето и подоцна во финалето. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Белорусија – Грузија.
Пандев во интервјуто рече дека го одбил Интер, кој излегол со понуда за директорско место во клубот. Македонецот на Џузепе Меаца ги оствари најдобрите успеси освојуваќи тројна круна под водство на Жозе Мурињо 2010 година.
Пјеро Аусилио ми се јави, помислив дека се шегува со мене. Му реков да бараат некој помлад. Јас решив да останам во Џенова. И покрај сѐ ќе му бидам благодарен на Интер. Тој клуб ме донесе во Италија, ми го промени животот. – истакна Пандев.
OhridNews