Пријателски, но важен натпревар. Литванија е наш последен противник пред стартот на квалификациите за Светското првенство. Мораме да одиграме на високо ниво. Битно е да дадеме се од себе, со таков пристап ништо не може да загубиме.

Со победа би создале и позитивен притисок пред квалификацискиот натпревар во Загреб против Хрватска. Со в.д. селекторот Гоце Седлоски се познаваме многу години, имаме доверба во неговите квалитети. Ќе играме и за него.

ohridnews