Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев на денешната прес конференција ги отфрли шпекулациите за евентуален негово заминување од Интер. Пандев истакна дека летово не планира да се сели од Милано и дека во целост ќе го испочитува договорот со “нероаѕурите“.


– Пред да одам во една голема екипа како што е Интер бев свесен каде одам. Воопшто не погрешив освоив се што можеше да се освои со “нероаѕрите“ и горд сум на сето тоа. Оваа сезона не само што не играм толку многу, туку е и најслабата која ја одиграв. Кога ќе го погледнете тимот на Интер ќе видите дека и целиот тим  не одигра на високо ниво. Јас доаѓам од Македонија, од една мала земја, не сум ни аргентинец ни бразилец, и за мене останува да се борам за место во тимот. Имам договор до 2014 и сигурно останувам во Интер.  

М.П.