Тренерот на Наполи, Валтер Мацари по завршувањето на сезоната сака да направи пауза во фудбалот.  Договорот на Мацари со “азурите“ истекува сезонава и сеуште се двоуми дали да ја продолжи соработката.

–    Од време на време слушам и гледам некои работи кои ме тераат да си одам засекогаш од фудбалот. После поразот од Јувентус во Супер Купот на Италија одигран во Пекинг имав огромна желба да поднесам оставка. Дали можам да заминам од функцијата тренер на Наполи по завршувањето на сезоната? Да можам  – посочи тренерот на “азурите“ Мацари.

Валтер Мацари во својата тренерската кариера никогаш не добил отказ и нежали што сеуште нема добиено шанса да води екипа од “големата тројка“ Јувентус, Интер и Милан. Мацари се присети на сезоната 2006/07 кога ја водеше Реџина. Сегашниот тренер на “наполитанците“, Мацари обезбеди опстанок со тимот на Реџина иако шампионатот го започнаа со единаесет бодови минус.

–    Немам потреба да водам клубови како што се Јувентус, Интер или Милан, за да кажам дека сум успешен тренер. Кога со Реџина обезбедив опстанок, а почнавме со одземени бодови тоа ми значеше многу повеќе него да се седнам на клупата на некој од големите тимови – истакна Мацари.

Ваквата одлука или најава на Мацари сигурно не е добро дојдена пред дербито со Јувентус во “калчо лигата“.

–    Ние сме таква екипа што можеме на секој да му создадаме големи проблем. Не ме интересира освојување на еден бод, одиме на три. Во оваа екипа сакам да вградам победнички менталитет. Веќе остваривме некои големи цели. Се бориме за скудетото но тука не е крајот. На дербито со Јувентус треба да потврдиме дека се работи за голем клуб. Кога пристигнав во тимот на Наполи на сите им ветив дека фудбалерите и тимот ќе имаат душа. Мислам дека тоа го исполнав бидејќи нашите навивачи не подржуваат кога имаме лоши резултати – заврши Мацари.

Македонскиот интернационалец Горан Пандев по репрезентативните обврски се врати во екипата на Наполи и се очекува заедно со Кавани да бидат констатна закана кон голот на Буфон.

Мх.П.