Македонскиот интернационалец Горан Пандев е оптимист пред реванш дуелот со германскиот првак Баерн Минхен од осминафиналето во Лигата на шампиони.


– Тие се ранливи во одбраната и таму ќе гледаме да ги нападнеме. Мора да постигнеме брз  гол за да им го зголемиме притисокот. Нашите фанови навистина заслужуваат победа, тимот ужива да игра големи
натпревари и секако ние сме Интер. Натпреварот ќе биде како големо
финале, исто како лани во Мадрид. Ако играш за Интер, мора да бидеш
способен да го повториш големиот резултат – изјави Пандев за италијанските медиуми

Интер на Леонардо на “Алијанц Арената“ ќе тргне со негатива од 1-0 по првиот меч на Џузепе Меаца на кој Пандев не доби шанса.

Ohridnews